Ова е автобусот со кој македонските фудбалери ќе се „возат“ низ Букурешт (ВИДЕО)

2126

Ова е автобусот со кој македонските фудбалери ќе се возат низ Букурешт. Автобусот е брендиран од страна на УЕФА, и со него играчите ќе патуваат од хотелот до тренинг, и до натпреварите со Австрија и со Украина.

Пристигнувањето на Македонија во Букурешт предизвика доста големо внимание кај медиумите, но немаше давање изјави поради ковид протоколите.

Во фокусот на вниманието беа Пандев, Николов, како и Елмас, селекторот Ангеловски и останатите играчи кои ќе го носат дресот на Македонија на 13-ти и на 17-ти против Австрија и против Украина.

Видео од доаѓањето на фудбалерите на следниот ЛИНК.

ПретходноСејдини ги предаде ветените билети за ЕУРО на здравствените работници
СледноРАРИТЕТ ВО ФУДБАЛОТ: Потпиша десетгодишен договор со клубот