Победа за крај на сезоната: Вардар 1961 си закажа четвртфинале со ППД Загреб

197

Вардар 1961 со победа на втората пресметка против Металопластика го потврди своето место во четвртфиналето во СЕХА-лига. Македонскиот тим на реваншот славеше со 26-23 (14-12).

Денешниот меч беше последен за осмина ракометари во дресот на Вардар, како и за стратегот, Стевче Алушовски. Си одат: Иван Чупиќ, Глеб Калараш, Марко Кизиќ, Кристијан Дисингер, Ловро Јотиќ, Јосип Векиќ, Робин Кантегрел и Васко Шеваљевиќ.

Како што беше најавено шанса добија сите ракометари, а маестрален на голот беше Марко Кизиќ, кој запиша 17 одбрани. Шеваљевиќ и Дибиров имаа по пет гола, Чупиќ запиша четири.

Четвртфиналето ќе се игра во август, додека Ф4 завршницата на почетокот на септември во Задар.

ПретходноДеби Хјуит од 2022 година на чело на англискиот фудбал
СледноВардар 1961 им се заблагодари на Чупиќ, Калараш, Алушовски…(ФОТО)