Потврдено: Северна Кореја нема да испрати спортисти на ЛОИ во Токио

2618

Интернационалниот олимписки комитет потврди дека Северна Кореја нема да учествува на Летните олимписки игри во Токио. И покрај сите шпекулации, на крајот излегоа вистините најавите дека псортисти од Северна Кореја нема да патуваат во Јапонија ова лето.

Директорот за комуникации на ИОК, Марк Адамс, ја потврди веста.

„Извршниот одбор на ИОК ги повика меѓународните федерации веднаш да ги прераспределат квотите кои требаше да ги добие Северна Кореја. Одлуката е донесена со цел да се исполнат интересите на оние спортисти кои се следни на ред и повеќе не можат да чекаат“, рече Адамс.

ПретходноЈовановиќ го носи Велковски во Панатинаикос за 800.000 евра
СледноРапорт од Букурешт: Агенти на Мосад во хотелот на Македонија!