Убави вести за селекторот на Шпанија, Луис Енрике. Имено на најновите ковид-тестови нема позитивни на корона, се разбира освен Серхио Бускетс кој уште од неделата е изолиран и тој дефинитивно нема да патува на ЕП. Место него е повикан Брајс Мендес од Селта.
Добар вест за Енрике е тоа што сега ќе може да смета на сиот свој играчки потенцијал на средбите со Шведска, Полска и Словачка. Ова се репрезентации од Е групата на ЕУРО 2020.
Како што најавуваат од селекцијата на Шпанија, до стартот на првенството, односно до првиот меч на „фуријата“ и натаму ќе има превентивни Ковид-19 тестови, се со цел да не се случи нешто никој не го посакува.