Проблеми за Шведска: Кулушевски позитивен на КОВИД-19!

204

Шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски е позитивен на тест за КОВИД-19 и тоа токму пред стартот на европскиот шампионат. За шест дена Швеѓаните ќе го играат првиот меч на ЕП против Шпанија, а фудбалерот на Јувентус и голема надеж на шведскиот фудбал мора во карантин.

Кулушевски почнал да развива симптоми на грип утринава, па итно е тестиран на Ковид-19 и тестот бил позитивен.

„Ова е тажно. Нема да викаме друг фудбалер и се надеваме дека ќе помине лесно и брзо и ќе го имаме на располагање по мечот со Шпанија“, изјави селекторот Јане Андерсон.

И останатите фудбалери заминаа во карантин и ќе има ПЦР тестирање да се утврди дали има уште некој заразен.

Шведска освен со Шпанија ќе игра уште со Полска и Словачка во групата Е.

ПретходноФоден се „претвори“ во Гаскоњ за ЕУРО 2020
СледноДеби Хјуит од 2022 година на чело на англискиот фудбал