Откако неговиот клуб ја освои Лигата на Шампионите, газдата на Челзи, Роман Абрамович како да нема намера да застане. Сака да создаде вистински дрим – тим кој би владеел со Премиерлигата и во ЛШ подолго време.
Па така, како што најавуваат медиумите на Островот, рускиот олигарх имал намера ова лето да го направи вториот најголем трансфер во историјата на фудбалот. Нели првиот беше на Нејмар од Барса во Реал.
Сега Челзи има намера да потроши цели 200 милиони евра, се со цел да го донесе Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Тоа е моменталната сума која “милионерите“ ја бараат за Норвежанецот. Познато е дека ако Челзи почека до следното лето може да ја активира откупната клаузула која чини само 75 милиони евра, но Роман не сака да чека, знае добро дека и Реал е во игра, па затоа сака ова лето да го оствари овој трансфер.
Инаку Челзи на Халанд му нуди и 17 милиони евра годишна плата, се разбира нето, нешто што Реал и Барса во овој момент тоа не го можат.
Можеме само да замислиме како напад ќе има Томас Тухел со Халанд во него како предводник.