Силекс посилен за Стојчевски, Алексоски, Димовски….

2337

Тимот на Силекс прави комплетна реконструкција на екипата со оглед на фактот што по испаѓањето од прва лига голем дел од првотимците си заминаа од Кратово.

Дел не сакаат да играат во втора лига, дел беа странци и автоматски се во „аут“. Новиот тренер Горазд Михаилов ги презема „конците“ во свои раце, прави тим најпрво за настап во Европа, па потоа и за експресен кам бек во прва лига.

Па така, новитети во Кратово дефинитивно се искусниот Стојан Стојчевски кој веќе еднаш беше дел од тимот на Силекс, потоа Дарко Алексоски и Мартин Димоски. Сите тројца имаат и повеќе од доволно искуство, за да го понесат товарот на фаворити следната сезона и да го направат Силекс водечки тим во оваа западна второлигашка конкуренција.

 

ПретходноМладеновиќ ново засилување на Пелистер
СледноАлушовски: Честитки до играчите, исполнивме три од четирите цели!