Нашата репрезентација во 10.30 часот со чартер лет ќе отпатува за Букурешт, на историскиот настап на ЕУРО 2020. Се е во најдобар ред, фудбалерите, членовите на стручниот штаб, цела експедиција се во специјални костум, како манекени, како што и доликува на една репрезентација учесничка на ЕУРО.
Непосредно пред да заминат од хотелот “Хилтон“ и се упатат кон аеродромот, утринава свое обраќање имаше и првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. Тој покрај другото им посака многу среќа, успешен настап.
Секако дека и тој за неколку денови, заедно со останатите челници на Федерација ќе отпатува во Букурешт.