Капитенот а воедно и најискусниот ракометар во составот на Прилеп Реваз Чантурија и на триесет и осум годишна возраст ќе тресе мрежи во Суперлигата и наредната сезона во дресот на Прилеп.
Популарниот Резо е еден од најзаслужните што Прилеп избори опстанок во елитното друштво и со тоа без никакво размислување постигнат е договор со раководството на клубот за продолжување на соработката со најдобриот стрелец на Прилеп изминатата сезона.
Од друга страна Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со Мирко Радовиќ. Тој вече 2,5 години е дел од овој тим, а ќе настапува уште најмалку една сезона.
„Тука сум веќе две и пол години и на обострано задоволство дојде до продолжување на соработката. Се договоривме спонтано, а така е некако најубаво. Сакам да се заблагодарам на цел град, посебно на „Чкембарите“. Тоа што го доживеав во последниот еден месец не го сонував и во најлудите сништа. Полно ми е срцето и сакам да им се заблагодарам на навивачите и на сите луѓе низ град кои ме поздравуваат и ме бодрат. Битола е моја втора куќа и луѓето направија да се чувствувам на секој чекор како дома. Секој ден клубот расте и се гледаат тие чекори. Недостигаа трофеите, останува жал за пропуштеното. Титулите се решаваа во само неколку голови. Ќе видиме следната сезона, кога ќе биде полна салата ќе биде поинаква приказна. Знаеме што значат навивачите, цел град и симпатизерите“, рече Радовиќ.