Поранешната НБА sвезда Чонси Билапс е голем фаворит за тренерската позиција во НБА тимот Портланд.
Според магазинот „Атлетик“, извори од клубот уверуваат дека тој е голем фаворит за тренерското место, а неговото име е и причината зошто Џејсон Кид ја повлекол својата кандидатура.
Билапс играше 17 сезони во НБА лигата, во просек 15,2 поени, 2,9 скока и 5,4 асистенции по натпревар. Тој сега работеше како помошник во тимот. Ангажманот на Билапс беше срдечно поздравен и од првата ѕвезда на тимот Демиен Лилард.