Стефан Ашковски својата одлична измината сезона во дресот на Ботошани ќе ја наплати со трансфер во тимот на Сепси.
Спортмедиа дознава дека левиот крилен напаѓач заминува во овој амбициозен клуб, кој има намера следната сезона да има уште посилен тим и да атакува на највисоките места во шампионатот на Романија.
Ашковски многупати гравитираше околу списокот на селекторот Ангеловски во изминатата сезона, пред се поради одличните настапи за својот клуб, но не се најде на финалниот список кој замина за Европскиот шампионат.