Македонија дише во ритамот на фудбалот. Сите очи се вперени кон македонската репрезентација, за првпат во својата историја ќе настапи на едно големо натпреварување – ЕУРО 2020 година.
Сите на секој начин сакаат да им посакаат среќа на нашите момци. Откако премиерот, Зоран Заев не успеа да дојде во хотелот, тргна кон скопскиот аеродром да ги испрати фудбалерите и да им посака среќа.
Македонија со чартер лет (10:30 часот) ќе замине за Букурешт, каде на 13. овој месец против Австрија го игра првиот меч на ЕУРО 2020 година.