Македонската фудбалска репрезентација денеска (10:30 часот) со чартер лет заминува за Букурешт. Селекторот на нашиот најдобар национален тим, Игор Ангеловски ќе може да смета на сите фудбалери.
Од таборот на „црвено-жолтите“ доаѓаат одлични вести, тестовите за Ковид-19 се негативни.
Македонија првиот меч на ЕУРО го игра на 13. против Австрија, четири дена подоцна ќе се сретне со Украина, овие два меча се играат во Букурешт. Последниот дуел од групната фаза, Македонија го игра во Амстердам на 21. јуни против Холандија.