По позитивниот Бускетс: Шпанците можат да здивнат, сите останати се негативни!

138

Убави вести за селекторот на Шпанија, Луис Енрике. Имено на најновите ковид-тестови нема позитивни на корона, се разбира освен Серхио Бускетс кој уште од неделата е изолиран и тој дефинитивно нема да патува на ЕП. Место него е повикан Брајс Мендес од Селта.

Добар вест за Енрике е тоа што сега ќе може да смета на сиот свој играчки потенцијал на средбите со Шведска, Полска и Словачка. Ова се репрезентации од Е групата на ЕУРО 2020.

Како што најавуваат од селекцијата на Шпанија, до стартот на првенството, односно до првиот меч на „фуријата“ и натаму ќе има превентивни Ковид-19 тестови, се со цел да не се случи нешто никој не го посакува.

Претходно“Фор Фор Ту“: Една од причините зошто вредеше да се чека ЕП е и Горан Пандев!
СледноХоландија без Ван де Бек на ЕП!