Понуда која се чека со нетрпение: Премиерлигаш го сака Пјаниќ

432

Јасно е дека Барселона што побрзо сака да се ослободи од услугите на Миралем Пјаниќ, па со нетрпение чека понуда за неговите услуги. Добри вести за Каталонците доаѓаа од Англија.

Имено, Евертон се подготвува да испрати понуда за ангажман на фудбалерот од БиХ. Тоа е понуда која Барселона сигурно нема да ја одбие.

Лесно може да се случи Пјаниќ да заврши и во Наполи, откако „каталонците“ сакаат да го вклучат во трансферот на Фабијан Руиз. Пред неколку дена се појави информација и за негово враќање во Јувентус.

ПретходноЈужна Кореја во тага: На 49 години почина репрезентативец кој настапуваше на СП 2002
СледноБукурешт дојдовме: Фудбалерите го развиорија македонското знаме