Дефанзивниот играч за врска на Осасуна, Жон Монкајола потпиша нов 10 годишен договор со клубот. 23-годишниот фудбалер потекнува од младинската школа на овој клуб, а запиша 41 меч за Осасуна минатата сезона и ги одигра трите меча од групната фаза за Шпанија на младинското Европското првенство што неодамна заврши во Словенија и Унгарија.
Од Осасуна открија дека откупната клаузула на Монкајола е фиксирана на 22 милиони евра во наредните две години, а во другите осум од договорот ќе му изнесува 20 милиони евра. Во случај Осасуна да испадне од Ла Лига, клаузулата за негова слобода ќе изнесува само 8 милиони евра.
Ова е раритет во фудбалот. Досега најдолг договор има потпишано Саул Нигез. Тој во 2017 година со Атлетико Мадрид стави потпис на девет годишен договор со клубот.