Романски телевизии ги дочекаа фудбалерите во Букурешт – во фокусот Пандев и Николов

1535

Романските медиуми со голем интерес го проследија пристигнувањето на македонскиот нациоанлен тим во Букурешт. Неколку ТВ станици се најдоа на аеродромот каде што правеа инсерти, но поради строгите протоколи, изјави не беа давани.

Во фокусот на телевизиите беа Горан Пандев, нашиот најдобар фудбалер, како и Бобан Николов, фудбалер кој е добро познат на Романците со оглед дека настапуваше таму.

Македонија прва пристигна во Букурешт, пред Австрија. Инаку по пристигнувањето во главниот романски град дожд ја дочека експедицијата.

ПретходноБукурешт дојдовме: Фудбалерите го развиорија македонското знаме
СледноРоман ќе потроши богатство: Челзи го прави вториот најголем трансфер во историјата!