Хероите како манекени, Сејдини им посака многу среќа на ЕП!

999

Нашата репрезентација во 10.30 часот со чартер лет ќе отпатува за Букурешт, на историскиот настап на ЕУРО 2020. Се е во најдобар ред, фудбалерите, членовите на стручниот штаб, цела експедиција се во специјални костум, како манекени, како што и доликува на една репрезентација учесничка на ЕУРО.

Непосредно пред да заминат од хотелот “Хилтон“ и се упатат кон аеродромот, утринава свое обраќање имаше и првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. Тој покрај другото им посака многу среќа, успешен настап.

Секако дека и тој за неколку денови, заедно со останатите челници на Федерација ќе отпатува во Букурешт.

ПретходноОдлични вести: Сите тестови се негативни, фудбалерите ги спакуваа куферите
СледноМбапе е главен шегаџија во репрезентацијата на Франција (ВИДЕО)