Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано во новата сезона ќе игра за Баерн (М), но неговото доаѓање во Минхен е пролонгирано за 15 дена.
Имено, неговото диаѓање во Минхен е одложено поради бизарната клаузула која ја имал во договорот со РБ Лајпциг и поради која нема да може да му се приклучи на Баерн од самиот почеток.
Баерн објави дека Упамекано е нивни играч од 1 јули кога неговиот договор ќе започне да тече, но во клаузулата за обештетување активирана од Баварците стои дека неговиот договор во новиот клуб ќе започне на 15 јули и овој договор е валиден.
Ова значи дека Упамекано е сè уште член на Лајпциг и ќе мора да тренира уште десетина дена со стариот тим пред да се приклучи во Баерн.
Баерн можеше да ја реши ситуацијата со плаќање на 200.000 евра, но не сака да ги плати.