Димитријевиќ селектираше 16 кошаркарки за Челинџерот во Скопје

338

Селекторот на нашата женска кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години, Саша Димитријевиќ, го објави списокот на кандидатки на кои ќе смета во претстојниот период од подготовките и настапот на FIBA European Challengers 2021 кој ќе се одржи од 13-18 јули, во Скопје.

Според планираните активности, подготовките на повиканите кошаркарки ќе започнат на 14 јуни (понеделник) со почеток во 11.30 часот во големата сала на СРЦ „Кале“ Скопје.

КФСМ ќе ги организира задолжителните лекарски прегледи и ПЦР тестирања, за кои сите повикани кошаркарки ќе бидат навремено известени

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ

Катерина Поп-Димитриоска ЖКК Баскет КАМ

Камелија Игњатова (ЖКК Баскет КАМ)

Сара Максимовска (ЖКК Бадел 1862-Скопје)

Марија Димитријевиќ ЖКК Бадел 1862-Скопје)

Наталија Секуловска (ЖКК Бадел 1862-Скопје)

Јана Јазаџиевска (ЖКК Работнички-Скопје)

Габриела Модева (ЖКК Струга 2009)

Албина Плакај (ЖКК МЗТ Скопје Аеродром)

Тијана Митрева (Италија)

Ивана Кожобашиевска (Италија)

Матеа Николиќ (Италија)

Матеа Атанасовска (Италија)

Елена Тасевска (Италија)

Стефани Костова (Шпанија)

Ана Цветковска (Шпанија)

Теона Поп Стојанова (САД)

ПретходноСитуацијата се усложнува: И Шпанија пријави втор фудбалер позитивен на Ковид-19
СледноФалангата почна да пристигнува: Букурешт во боите на Македонија