Ковид пасошите првпат ќе бидат вклучени и на еден спортски настан во Велика Британија во текот на натпреварите на репрезентацијата на Англија на „Вембли“.
Оние кои не се целосно имунизирани, ќе може да влезат на стадион со брз негативен тест, не постар од 48 часа, пренесува Би-Би-Си.
УЕФА соопштила дека навивачи од Велика Британија постари од 11 години, мораат да покажат доказ дека примиле две дози на вакцината и тоа најмалку 14 дена пред секој меч.
Гледачите на „Хемпден парк“ во Шкотска сепак, не мора да имаат доказ за вакцинација, ниту негативен тест на ковид-19.