Иако играме во одлична форма, иако имаме квалитетен состав и сме во еуфорија, се чини тоа не е доволно за светските обложувалници.
Имено во моментов, значи на нешто повеќе од четири дена до првиот историски меч за нашата репрезентација на едно големо натпреварување, за обложувалниците нашиот ривал, селекцијата на Австрија е апсолутен фаворит.
Па така за победа на репрезентацијата на Австрија коефициентот е 1.65, додека реми тој е 3.60, но е во паѓање. Додека за триумф на Македонија истиот е дури 6.00 и има нагорен тренд.