Ситуацијата се усложнува: И Шпанија пријави втор фудбалер позитивен на Ковид-19

293

Ситуацијата со Ковид-19 во шпанската селекција се усложнува. Утрово стана јасно дека има уште еден фудбалер кој е позитивен на коронавирусот, а тоа е играчот за врска Диего Љоренте.

Веста ја потврдија од Шпанска фудбалска федерација. Претходно, капитенот Серхио Бускетс, го напушти шпанскиот табор од истата причина.

Шпанците веднаш реагираа и организираа посебен тренинг камп за шест играчи, кои ќе му бидат на располагање на тренерот Луис Енрике. На списокот се голманот Кепа, дефанзивецот Раул Албиол, играчите од средниот ред Карлос Солер, Брис Мендес и Пабло Форналс, како и напаѓачот Родриго Морено.

ПретходноАргентина остана без победа и во Колумбија, Бразил на крилата на Нејмар (ВИДЕО)
СледноДимитријевиќ селектираше 16 кошаркарки за Челинџерот во Скопје