У-19 женската селекција на Македонија со триумф над Албанија

685

Младата женска репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Астрит Мерко успеа да слави минимална победа против Албанија во првиот натпревар од меѓународниот турнир “Bansko Pirin Womens Cup“.

Нашите фудбалерки забележаа минимална победа со 1:0. Стрелец на единствениот гол на денешната средба беше Оливера Чоклеска во 13.минута. Одличен натпревар за нашите млади фудбалерки и сосема заслужена победа. Вториот натпревар од овој турнир го играме против домаќинот, селекцијата на Бугарија на 14 јуни.

ПретходноАмбасадорот Атанасов им посака среќа на фудбалерите на ЕУРО
СледноЛегендарниот Рингов сред емисија се расплака за Вардар (ВИДЕО)