Амбасадорот Атанасов им посака среќа на фудбалерите на ЕУРО

310

Македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, вчера ги посети репрезентативците за време на првиот тренинг во Букурешт, и им посака среќа за време на настапите на ЕУРО.

„Имав чест да ја пречекам Македонската фудбалска репрезентација предводена од селекторот Игор Ангеловски, која денеска, прва пристигна во Букурешт за ЕУРО 2020 и веќе го одржа првиот тренинг на стадионот Стеауа.
Им посакав среќа и успех на нашите момци на натпреварите во Букурешт, со уверување дека ќе покажат одлична игра. Нашиот пласман на Еуро 2020 за прв пат во поновата историја, со оваа генерација, за сите нас претставува голема радост и светол настан во кој сите сме сплотени. Сега е нашиот момент!“, изјави Атанасов.
ПретходноКовид пасошите се „вмешаа“ и во фудбалот
СледноУ-19 женската селекција на Македонија со триумф над Албанија