Беса од Добри Дол во целост ја оправда улогата на фаворит на денешниот втор меч од баражот за пласман во ВМФЛ – ЗАПАД. Фаворитот успеа да слави со неверојатни 6:3 попладнево во Гостивар и со тоа и дефинитивно да ја откачи Фортуна од пласман во повисок ранг. Со оглед на тоа дека Фортуна по одиграни два меча е без бодови, а Беса и Воска, кои играат меѓусебе во сабота, имаат по една победа по првиот натпревар, тоа значи дека овие две екипи без разлика на саботниот исход и официјално се нови членови на ВМФЛ – ЗАПАД.
Да кажеме дека Фортуна подобро го отвори мечот, имаше водство од 1:0, потоа од 3:1, но во вториот дел на теренот постоеше само една екипа, таа на Беса, која со неверојатен пресврт успеа да дојде до конечна победа од 6:3.