Барди: Ми беше тешко во карантин, мислев го пропуштам ЕП, сега треба да уживаме во секој момент!

1329

Енис Барди, македонскиот репрезентативец на прес-конференцијата во Букурешт изјави како ги минувал деновите во карантин. Рече дека му било многу тешко, затоа што помислил дека нема да настапува на ЕУРО, меѓутоа се добро се завршило и дека е подготвен за настап на првиот меч.

„Да се заблагодарам на селекторот на цела федерација. Беше тешко за мене, мислев дека ќе го загубам Европското првенство, но помина тоа, поминаа тие 10 дена кои бев во карантин, сега сум добро, немам проблем, тренирав во соба, исто така трчав со тренерите за физичка подготовка. Во овој момент сум подготвен. Едвај чекаме да почне натпреварот, подготвен сум, мислам дека на вакви натпревари секој ги чека 100% и ништо само да тренираме овие денови и да давеме се од себе“, рече Барди.

Колку искуството од младинското ЕП во Полска ќе може да придонесе за добри резултати сега со сениорите.

„Тоа беше драгоцено искуство, но сега сениорскиот тим е нешто поинаку. Не дојдовме тука како аутсајдери и да се задоволиме само што сме тука. Македонија покажа дека вреди, и дека има квалитетни играчи, само што ова ЕП ќе ни помогне да ги докажеме нашите квалитети и цела Европа и цел Свет дека Македонија знае да игра фудбал и има големи играчи“, вели Барди.

Тој ги истакна очекувањата од Европското првенство, и истакна дека е подготвен уште за првиот меч, но од селекторот ќе зависи дали ќе игра или не.

„Јас сум задоволен што сум дел од овој успех. Дали ќе играм или не, тоа зависи од селекторот, што ќе одлучи, јас сум подготвен за секој натпревар, за секоја минута. Најпрво добро е што сум здрав и што сум дел од Европското првенство, ова ме израдува. Ќе дадеме се од себе. Треба да уживаме секоја минута“ и додаде: 

„На секој натпревар и да знаеме што правиме. Секој противник е различно. Ова Европско првенство е нешто што не сме доживеале, и реков дека треба да уживаме во секоја секунда. Но, да бидеме фокусирани на секој детал, да оствариме нешто за цела Македонија“, изјави играчот од средниот ред. 

ПретходноДомот на Работнички не е празно ветување, има судски спор
Следно„Тука има место само за најдобрите, Австрија нема да помине лесно со нас“