Барса ја одреди цената за Дембеле, но малку се прецени

305

Барселона нема да го чека Усман Дембеле да го продолжи договорот на почетокот на новата сезона, и доколку тоа не се случи во следните 30 дена, фудбалерот ќе биде ставен на трансфер листа, пишуваат шпанските весници.

Каталонски „псорт“ објави дека Барса има намера да го задржи Дембеле, но доколку играчот не ја прифати нивната понуда која ја има на маса, каталонскиот клуб нема да подготват нова и ќе го продадат ова лето.

Минималната цена за која Барса би го продала Французинот би била 50 милиони евра. Сепак, малку веројатно е дека некој од заинтересираните клубови би издвоил сума од 50 милиони евра за играч со историја на повреди и, пред сè, тоа што неговиот договор завршува во 2022 година.

ПретходноИ Украинците стигнаа: Ќе спијат во Букурешт, ќе тренираат во Волунтари
СледноЈапонците не се шегуваат со Ковид-19: Новинарите на ЛОИ во Токио ќе бидат следени 24/7