Боби Божиновски и Ермедин Адем ги продолжија договорите со Македонија ЃП

289

И со 40 полни години, Боби Божиновски нема намера да го остави фудбалот, и ќе игра во Македонија ЃП уште една сезона. „Лавовите“ објавија дека тој го продолжил договорот со тимот на уште една година.

Договорот го продолжи и Ермедин Адем, исто така важен играч од средниот ред на екипата.

Со тоа Македонија ЃП го реши ова прашање. Станува збор за двајца искусни играчи кои се неизбежен дел од „лавовите“ во битката за врвот идната сезона.

ПретходноБаерн не сака да плати уште 200.000 евра, па ќе го добие Упамекано на 15 јули
СледноГоран Пандев меѓу најискусните играчи кои ќе настапат на ЕУРО