Познати се сите 20 клубови кои во следната сезона ќе настапуваат во двете втори лиги, во западната и источната конкуренција. Па така ако години наназад ВМФЛ – ИСТОК беше таа што беше поатрактивна лига, во следната сезона западот и тоа како ќе биде позвучен.
Вардар и Силекс, кои сезонава што заврши во ПМФЛ испаднаа од елитата, ќе мора да играат и со екипи како Воска, Беса, Велешта, Кадино, тука се и Тетекс, Охрид, Гостивар, Кораби.
Додека на истокот ова се екипите кои во следната сезона ќе играат втората лига: Беласица, Кит Го, Слога Виница, Кожуф, Саса, Осогово, Победа, Детонит, Локомотива Градско и Братство 07 од село Лажани.