ЕХФ пушти нови 500 билети за Ф4 во Келн

370

ЕХФ најави дека фајнл-фор завршницата во Келн ќе се игра пред публика. Првичниот план беше на трибините да има 500 навивачи, но денеска челниците на европската ракометна федерација ја променија одлуката.

Вкупно 1.000 луѓе ќе имаат шанса од лице место да го гледаат ракометниот спектакл, кој во едни други времиња се играше пред преполни трибини, но пандемијата коронавирус го промени спортот.

На Ф4 завршницата ќе биде и Кирил Лазаров, со неговиот Нант во полуфиналето ќе се сретнат со Барселона, во вториот меч силите ќе ги одмерат ПСЖ и Алборг.

ПретходноВардар и Силекс во друштво на Воска, Беса, Велешта, Кадино…
СледноРК Вардар вели „Напред Македонија“