Она што се најавуваше, денеска доби и потврда. Буњамин Шабани и Струга Трим Лум на задоволство на двете страни се договорија да ја продолжат соработката. Па така како што официјално известуваат од нашиот претставник во Конференциската лига, еден од најдобрите играчи на Струга ТЛ во минатата сезона и раководството на струшкиот клуб се договориле за продолжување на соработката за уште една година.
Секако дека ова е добар потег на Струга ТЛ во пресрет на летнотo евро- деби на клубот.