Се разбира дека секогаш има повод да се направи интервју со Кирил Лазаров, со нашата ракометна икона, со еден од најдобрите ракометари во светот во изминатите две децении.
Овојпат „Спортклуб.рс“ ја имаше таа чест, и тоа во пресрет на Ф4 во Келн, на кој нашиот капитен и селектор ќе ги брани боите на Нант во завршницата во ЛШ.
Најавен како најдобриот стрелец во ЛШ, единствен со повеќе од 1.000 постигнати голови, уште го држи рекордот како најдобар стрелец на едно СП и тоа со 92 голови. Тоа биле само три достигнувања од многуте на Лазаров и тоа според овој портал.
Македонецот говори на повеќе теми, за Ф4 во Келн, за Барселона, ривалот на неговиот Нант во полуфиналето, за тоа кој е најдобриот ракометар а кој голман, сепак ние ќе пренесеме само што Кире кажа за нашата ракометна репрезентација.
“Долго се подготвувам за оваа улога, селектор на Македонија. Нашата репрезентација во моментов е во фаза на транзиција, има смена на генерацијата. Ме чека доста работа, нашата цел е да создаде нова генерација , како би мојата земја била мирна на ракометен план наредните 10-15 години. Предизвикот е да направиме квалитетен произод за кој ќе се слушне во Европа и светот. Немаме многу материјал, но веруваме дека можеме и на овој начин. Многумина не отпишаа, велеа дека после мојата генерација нема да има ракомет во Македонија, сакаме да им покажаме дека не се во право“ посочи Лазаров.