МАРКА: Две децении мит за Горан Пандев!

317

Марка посвети внимание на македонскиот капитен Горан Пандев пред престојното ЕУРО. Со наслов „Две децении мит за Пандев“, Марка го величи капитенот, и вели дека и натаму не ја открива својата иднина по ЕП.

Алудирајќи на 20 години играње во националниот тим (со мала пауза), Горан Пандев е третиот најстар играч на ЕУРО, пишува „Марка“.

„Интелигентен напаѓач кој не е голем стрелец, но кој врши голема работа за тимот. Да не заборавиме дека даде гол на Германија, со кој Македонија победи“.

Пандев наполни 20 години од неговото официјално деби. Денеска има 37 години и над 100 гола во Серија „А“. Пола од својот живот блеска во италијанскиот фудбал, пишува изданието.

ПретходноГоран Пандев меѓу најискусните играчи кои ќе настапат на ЕУРО
СледноБогдановиќ: Мора да се работи со љубов – да се врати стариот сјај! Работнички останува во АБА2-лига