Јасмин Мециновиќ, како што официјално информираат од Струга Трим Лум, и во наредните две години ќе го носи дресот на струшкиот прволигаш кој ова лето ќе го има својот дебитантски настап на евро – сцената.
Мециновиќ кој минатата сезона беше еден од најдобрите во нашата елитна лига, најдобар во Струга Трим Лум беше интересен за повеќе клубови, но и тој и Струга Трим Лум се договорија да ја продолжат соработката.
Секако дека со останувањето на искусниот и робусен стопер, тренерот Захариевски ќе нема проблеми во дефанзивата, како што и беше досега.