Надал во полуфиналето на Ролан Гарос

253

Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. Шпанскиот тенисер го совлада Аргентинецот Диего Шварцман со 3-1 по сетови (6-3, 4-6, 6-4, 6-0), во битката за место во финалето ќе го има подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Италијанецот, Матео Беретини.

Шпанецот загуби само еден сет. Во вториот Шварцман беше подобар со 4-6, но Надал врати на ист начин, во последниот сет беше убедлив, го доби со 6-0.

Полуфиналето меѓу Ноле и Беретини е закажано со почеток во 20 часот.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Зверев и Циципас.

ФОТО: Ролан Гарос

ПретходноТиквеш го задржа “костурот“ на тимот: Нови договори за Христов, Димовски, Б. Љамчевски, Наумоски…
СледноХероите попладнево тренираа под будното око на Нестор (ФОТОГАЛЕРИЈА)