На Рамос сепак Реал му е на прво место

1747

Откако со месеци Серхио Рамос и Реал Мадрид водеа неуспешни преговори околу неговиот нов договор, по се изгледа дека ветеранот прв ќе попушти во оваа „битка“.

Тој инсистираше на двегодишен договор, клубот пак вели може соработка на само една во моментов, и тука е клучниот проблем.

Веќе се лицитираше со следната дестинација на Рамос кој е во Реал Мадрид повеќе од деценија, но очигледно од тоа нема да има ништо. Имено, медиумите во Шпанија веќе пренесуваат дека Рамос е тој што ќе попушти во своите барања и сепак, на крајот ќе потпише едногодишен договор, затоа што како што се пишува очигледно дека Реал Мадрид премногу му значи како клуб за на ваков начин да го напушти.

 

ПретходноДобра „генералка“ на Португалија (ВИДЕО)
СледноХоландија вели, навивачи на Македонија не доаѓајте