Новак си закажа полуфинале со Надал, мечот со Беретини беше во прекин поради полициски час!

1785

 

По малку во хаотичен меч вечерва на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ успеа во ¼ финалето да го победи италијанскиот тенисер Матео Беретини со 3:1 во сетови и да си закаже полуфинале со Рафа Надал. Тоа ќе биде уште тениска класика на двајцата  големи тенисери.

Србинот вечерва поведе со 2:0 во сетови против Беретини, беше 6:3 и 6:2, но третиот сет го загуби во тајбрек, па така мораше да се игра и четврти сет кој беше крајно израмнет, беше 5:5.

Сепак Ѓоковиќ успеа да го добие со 7:5 и со тоа и мечот со 3:1.

 

Велиме хаотичен меч од причина што во четвртиот сет двајцата тенисери мораа да го напуштат теренот поради фактот дека полна полициски час во Париз. Тоа значеше дека трибините на тенискиот стадион на Ролан Гарос мораше да се испразнат. Дел од гледачите не сакаа да си заминат, па по големо натегање сепак гледалиштето се испразни и мечот можеше да продолжи.

ПретходноХоландија вели, навивачи на Македонија не доаѓајте
СледноБукер и Пол за втора победа на „Сонцата“ против Денвер (ВИДЕО)