Мауруцио Сари во текот на денешниот ден треба да биде промовиран во нов тренер на Лацио. Екс тренерот на Наполи, Челзи и Јувентус е договорен со „лацијалите“, и само треба да се случи промоцијата.
Од Сари ќе „заработи“ и Јувентус, со оглед дека потписот ќе му спаси 6 милиони евра на торинскиот клуб.
Сари и натаму има договор со Јуве до 2022 година, а наоѓање на нова работа ќе значи дека тие пари не мора да му ги исплаќа на искусниот тренер кој во Лацио ќе заработува 3,5 милиони евра годишно.