Судот во Женева одлучи засега дека УЕФА нема право да ги суспендира Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, како основачи на фамозната Суперлига.
Ова е во моментов дефинитивната одлука и овие три гиганти се спасија од вакво нешто, барем засега.
УЕФА пак тврди дека ќе се жали на оваа одлука и дека ќе ги искористи сите правни лекови и инстанци кои се надлежни за да ја истера според нив правдата на виделина.
Како што е добро познато,Суперлигата воопшто не заживеа туку беше укината во старт.