Екипата на Сруга Трим Љум која е наш овогодинешен претставник во Европа, денеска и официјално ги стартуваше подготовките за следната сезона. „Работното лето“ во Струга официјализирано е денеска со новитетите во екипата од типот на Бесмир Бојку, но без неколкумина стандардни првотимци од изминатата сезона.
МАрјан Алтипармаковски, Александар Ристески и Филип Миленковски повеќе не се дел од тимот на Струга Трим Љум и нив во иднина ќе ги гледаме во некој друг клуб.