Тиквеш го задржа “костурот“ на тимот: Нови договори за Христов, Димовски, Б. Љамчевски, Наумоски…

308

И следната сезона, но сега во ПМФ, екипата на Тиквеш ќе има квалитет. Имено раководството на кавадарчани денеска објави дека завршиле одлична работа со задржување на “костурот“ на тимот. Нови договори се потпишани со Симеон Христов, Стојан Димовски, Благоја Љамчевски и Јорданчо Наумоски. Сега останува да се види со кого од новите имиња, со кои се преговара веќе неколку денови, ќе се потпише договор.

Од таборот на кавадарчани истакнуваат дека тие имаат намера и тоа како да му овозможат на својот тренер Пане Блажевски тим кој што ќе биде доволно квалитетен за најмалку средината на табелата.

ПретходноКорона-хаос: Енрике повика 17 нови фудбалери, дали Шпанија на ЕП ќе игра со У-21?
СледноНадал во полуфиналето на Ролан Гарос