Анализирајќи го првиот противник на ЕУРО, Австрија, Енис Барди вели дека многу работи ќе зависат од нас.
„Не се согласувам со тоа дека Австрија не надиграла во квалификациите, резултатите не беа вистински израз за сликата на теренот. Можам само да кажам дека нема да и биде лесно со нас. Секој противник, дали Австрија, Италија, Португалија кој и да ни биде противник – ќе биде тешко. Затоа што тука се најдобрите. Зависи и од нас, како ние ќе влегуваме, што ние ќе правиме, како ние ќе се договориме. Тоа е најважно што треба да се знае. Противникот кој ќе биде, што ќе биде, не мислам дека е важно. Зависат многу работи од нас. Само треба да го анализираме уште подобро противникот, кој каде да се постави и да направиме добра анализа.
Сигурно дека и тие ќе не анализираат. Еден момент, еден гол, една шанса може да биде одлучувачка, и се мора да се искористи. И реков да уживаме во тоа што го правиме“, рече Барди.