Македонската фудбалска репрезентација вчера пристигна во Букурешт и почна со подготовки за премиерата на дебитантското учество на европските првенства. Избраниците на Игор Ангеловски уште вчера ги имаа првите тренинзи на стадионот на Стеауа, каде ќе работат се до неделниот дуел со Австрија.
Македонија како и на секој голем настан, така и на ова ЕП ќе има голема поддршка од навивачите. Дел од оние кои планираат да бидат во Романија за првите два меча од групата со Австрија и Украина веќе пристигнаа во романската престолнина. Некои од нив веќе имале и средба со Амбасадорот Габрие Атанасов.
Како ќе доближува првиот меч со Австрија, атмосферата ќе биде се пожешка…