Кошаркарите на Филаделфија ја совладаа Атланта со 118:102 во вториот меч од полуфиналната плеј-оф серија и успеаја да израмната на 1:1. „Јастребите“ имаа повеќе скокови и поголем процент на реализација на слободни фрлања, но повеќе загубени топки и на крајот мораа да се помират со поразот, бидејќи екипата на Док Риверс шутираше многу добро.
Најдобар беше Жоел Ембид кој постигна 40 поени, 13 скока, 2 асистенции, додека Тобијас Херис имаше 22 поени. Кај екипата на Атланта Галинари имаше 21 поен, додека Јанг беше запрен на само 11. Богдановиќ заврши со 14 поени. Сега серијата се сели со два меча во Атланта.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Западот, Јута го победи Лос Анџелес Клиперс со 112:109 и поведе со 1-0.
Донован Мичел со фантастични 45 поени ги предводеше „џезерите“ до победата. Кај Клиперс Ленард постигна 23, а Пол Џорџ 20 поени и 11 скока.