Фудбалската федерација на Македонија, како што дознава СПОРТМЕДИА, им поделила на репрезентативците и членовите на стручниот штаб 1.500 гратис билети за претстојните мечеви од групната фаза од ЕУРО 2020. Тоа е убав гест, се со цел нашите херои на трибините да бидат бодрени не само од фановите туку и од своите најблиски, пријатели и слично.
Пакетот е по 500 билети за мечевите со Австрија и Украина во Букурешт, како и за средбата со Холандија во Амстердам.
Ова ФФМ ја чинеше близу 150.000 евра, ако се знае дека еден билет чини најмалку 100 евра.
Инаку дознаваме исто така дека им се поделени гратиси на поранешни наши репрезентативци, истакнати фудбалери кои пројавиле желба во живо да ја бодрат својата репрезентација на ЕУРО 2020.