Хероите попладнево тренираа под будното око на Нестор (ФОТОГАЛЕРИЈА)

797

Како и вчера, така и денеска, од планот не се отстапува. Нашите херои поладнево одново тренираа на стадионот на Стеауа во Букурешт. Во одлична и работнаа атмосфера се тренираше, и сега под будното око на Илија Несторовски. Фудбалерот на Удинезе поради повреда ќе го пропушти ова ЕУРО 2020, но затоа тој е тука со своите колеги, да ја подигне атмосферата, да им каже нешто ако треба, да ги советува помладите.

Полека, но сигурно се наближува недела и 13 јуни, кога во Букурешт на Националната Арена нашата репрезентација ќе го има својот деби настап на едно големо натпреварување. Одамна е познато дека играме со Австрија со почеток од 18 часот.

ПретходноНадал во полуфиналето на Ролан Гарос
СледноХоризонт Турново не успеа, Братство од Лажани ќе игра во ВМФЛ – ИСТОК!