Холандија вели, навивачи на Македонија не доаѓајте

7495

Македонската репрезентација в недела ги стартува борбите на Европскиот шампионат, со мечот против Австрија. Потоа на 17 јуни играме против Украина, меч кој исто така е закажан во Букурешт, за да последниот меч Македонија го игра во Амстердам против домашната Холандија.

И додека Романија, и Букурешт секако со голема доза на претпазливост и мерки со задоволство ги прима нашите навивачи. Холандија тоа нема да го стори.

Оваа земја, има на сила забрана за влез на граѓани од трети земји по повод сеуште активната пандемија од коронавирус, а тука секако спаѓа Македонија. Тоа значи дека нашите навивачи нема да бидат во можност да го гледаат овој натпревар во живо.

Оваа информација и официјално е споделена на официјалниот фејзбук профил на Холандската амбасада во нашата земја.

 

ПретходноНа Рамос сепак Реал му е на прво место
СледноНовак си закажа полуфинале со Надал, мечот со Беретини беше во прекин поради полициски час!