Хоризонт Турново, некогашен учесник во фудбалска Европа, денеска не успеа да слави во баражот за пласман во ВМФЛ – ИСТОК, па затоа ќе почека најмалку уште една година.
Турновци на дуелот со Братство 07 од прилепското село Лажани, загубија со 0:1 и со тоа му дозволија на противникот да слави пласман во повисок ранг.
Мечот се играше на Градскиот стадион во Штип, а и двете екипи сезоната во своите региони ја заврши како второпласирани, па затоа и играа бараж. Стрелец на победничкиот гол беше Шабанов и тоа во 85.минута.