Фудбалската репрезентација на Шпанија ќе биде вакцинирана против Ковид-19 на помалку од една недела пред првиот натпревар на Европското првенство, откако капитенот Серхио Бускетс беше позитивен.
„Правиме исклучок затоа што тие ја претставуваат нашата земја во конкуренција на највисоко ниво“, рече министерот за спорт, Хозе Мануел Родригез.
Луис Рубиалес, првиот човек на шпанскиот фудбал пред два месеци водеше кампања за вакцинирање на играчите со вакцина за еднократна употреба од „Џонсон & Џонсон“. Тогаш играчте одбија, но сега работите очигледно се сменија.